АРСОВСКИ, Митре

АРСОВСКИ, Митре (с. Стари Град, Велешко,
11. XI 1936) – генерал-полковник. Основно и
средно образование добил во Велес, а потоа
ги завршил Воената академија на копнената
војска (1960), Командно-штабната академија
(1966) и школата за народна одбрана на ЈНА
(1978). Службувал во 11 гарнизони на ЈНА
низ Југославија на разни должности и
команди и во Територијалната одбрана на
Македонија, од командир на вод и чета до
командант на баталјон, полк и бригада,
началник на штабот и командант на 42.
дивизија на ЈНА. Бил и командант на
Командата на одбраната на градот Скопје,
началник на штабот на корпус, помошник на
командантот и началник на шта-бот на
Третата армиска област на ЈНА (од 8. Ⅷ
1991). По осамостојувањето на РМ бил
назначен за прв началник на Генералштабот
на АРМ (16. Ⅲ 1992 – 3. Ⅲ 1993), по што
заминал во пензија. Во плурализмот пројави
активност во повеќе политички партии.
С. Мл.