АРСОВСКИ, Владимир Панев

АРСОВСКИ, Владимир Панев
(псевд.: лајтнант Ѓорѓевиќ, Числов Ољег,
Блажо) (Неготино, 1910 – Харамски фронт кај
Мадрид, шпанија, 2. Ⅱ 1937) – инженер,
тенкист во шпанската граѓанска војна во
составот на интернационалните бригади. Се
школувал во Неготино, Кавадарци, Штип,
Велес и Белград, каде што завршил средно
техничко училиште (1928), а потоа како
геометар работел во Скопје (1929) и Битола.
Кога заминал на Фискултурниот слет во
Чехословачка (1932), од таму се префрлил во
Германија, а по три години во Воронеж,
Советскиот Сојуз. Со незавршени студии во
Воронеж, заминал како доброволец во
шпанската граѓанска војна (9. Ⅻ 1936) и
загинал на фронтот како тенкист на
тенковската бригада. ЛИТ.: Во срцето на
шпанија. Сеќавања на интербригадисти од
Македонија, НИК „Наша книга”, Скопје, 1975,
239; Перо Коробар – Божо Стефановски, Во
интернационалните бригади на шпанија,
зборник, НИО „Студентски збор”, Скопје,
1989, 215; Киро Андонов, Владимир Арсовски,
Неготино, 1998. С. Мл.