АРСЕНИЈ

АРСЕНИЈ (Лазарополе, ок. 1770-1775 – 27.
Ⅵ 1839) – игумен на манастирот „Св. Јован
Бигорски (Претеча)”. Ги проширил
манастирските згради и вршел зографисување
со зографите Михаил и син му Димитар
(монашко име Данаил) од Самарина. На
метохот во Рајчица ја изградил црквата „Св.
Ѓорѓи”. Го составил манастирскиот поменик
(1833). Ракописот на словенски и на грчки
јазик веројатно е препишан од монахот
Данаил. ЛИТ.: Д-р Коста Балабанов,
Новооткри
ен портрет на игуменот на манастирот Св.
Јован Бигорски Архимандритот Арсение од
1833 година – дело на зографот
Арсениј, игумен на манастирот „Св. Јован
Бигорски”
Данаил Мохах, Бигорски научно-културни
собири 1974-1975, Скопје, 1976, 56–74.
М. Здр.