АРОН

АРОН (Х в.) – комитопул, син на комесот
Никола. Заедно со своите браќа Давид,
Мојсеј и Самуил учествува во востанието
против Бугарија (969) и во воспоставената
тетрархија. Наскоро по успешното востание
против Византија (976) тој е убиен од
Самуил на местото Разметаница, заедно со
целото семејство. По молба на Гаврил
Радомир, животот му е поштеден само на син
му Јован Владислав, којшто подоцна го убива
својот братучед-спасител и владее до 1018
г. Подоцна Ароновиот внук Алусијан се
јавува како претендент на престолот во
востанието на Петар Делјан (1040/41).
ИЗВ. иЛИТ.: Византиски извори за историју
народа Југославије, Ⅲ, Београд, 1966;
Божидар Прокий, Постанак једне словенске
царевине, „Глас”, ЛЏЏВИ, Београд, 1908,
213-224; Н. П. Благоевъ, Царувалъ ли е
Ааронъ, братътъ на царÝ Самуила, и кога?,
„Македонски прегледъ”, Ⅲ, 4, София, 1927;
А. Лероа – Молинген, Синовите на Петар
Бугарски и Комитопулите, зб.: Илјада години
од востанието на комитопулите и создавањето
на Самоиловата држава, Скопје, 1971, 59-64;
Антолјак Стјепан, Средновековна Македонија,
И, Скопје, 1983; Бранко Панов,
Средновековна Македонија, Ⅲ, Скопје, 1983;
Милан Бошковски, Македонија во XI и Ⅻ век
(надворешни упади на територијата на
Македонија), Скопје, 1997. Б. Р.-Ј.