АНДРЕЈА

АНДРЕЈА  (АНДРЕЈАШ) (? – 1399) – вториот син на кралот Волкашин и брат на кралот Марко, млад крал по смртта на татка си (1371). Ја управува територијата по долината на р. Треска и области во Поречје и Кичевско. Води одвоени финансии од кралот Марко, кове монети и издава повелби, а во неговата ктиторска активност спаѓа изградбата на манастирот „Свети Андреја” (1388/ 89) во Матка на р. Треска кај Скопје. Заедно со брат му Димитар ја напушта Македонија и преку Дубровник, заминува во Унгарија во служба на унгарскиот крал Сигизмунд (1393/4).
ЛИТ.: Георгије Острогорски, Серска об-ласт после Душанове смрти, во кн.: Византија и Словени, Београд, 1970, 435-456; Лазар МирковиÊ, МрњавчевиÊи, „Старинар”, Ⅲ (1924 – 1925), Београд, 1925, 11-26; Сима ´ирковиÊ, Поклад Краља Вукашина, Зборник Филозофског факултета, ⅩⅣ-1. Споменица Фрања БаришиÊа, Београд, 1979, 153-161. Б. Р.-Ј.