АНДОНОВСКИ, Александар

АНДОНОВСКИ, Александар
(Лесково, Демир Хисар, 1. Ⅲ 1939) –
физичар, ред. проф. (1988) на ПМФ.
Дипломирал на ПМФ (1965). Таму магистрирал
(1972) и докторирал (1977) со теми за
расејувањето на светлината кај полимерните
раствори во и надвор од електричното поле.
Специјализирал во Софија и Берлин. Држел
настава главно по предметите биофизика и
атомска физика со спектроскопија и за нив
оформил практикуми. Истражувал и објавувал
прилози за дисперзните системи, полимери,
биомолекули и течни кристали и за таа цел
формирал лабораторија во која се застапени
расејувањето на светлината,
електрооптиката, вискозиметријата и др.
експериментални техники заедно со условите
за подготовка на обрасците. Раководел со
изработката на 4 докторски и 6 магистерски
дисертации. Бил продекан на ПМФ (1985-87),
шеф на Институтот за физика (1989-91) и
проректор на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ (1996-98). ЛИТ.: Природно-
математички факултет -Скопје 1946-1996,
Скопје, 1996, стр. 153; 60 години Природно-
математички факултет -Скопје, Скопје, 2006,
стр. 162
163. В. Ур.