АЛШАР

АЛШАР – рудник на Сб, Тл, Ас руда.
Нискотемпературното хидротермално Сб-Ас-Тл-
Ау наоѓалиште Алшар е лоцирано во
металогенетскиот реон Кожуф. Го
карактеризира сложена минерална парагенеза
и релативно високо учество на талиумови
минерали (лорандит, бернардит,
парапиеротит, ребулит, пикопаулит, раге-
нит, симонит, врбаит и др.). Наоѓалиштето
просторно и генетски е врзано за
комплексите на плиоценска калко-алкална
магма втисната во тријаски и кредни
карбонатни карпи (доломити и варовници).
Најзначајниот дел од рудната минерализација
е создадена во температурен интервал од
100–2500 Ц. ЛИТ.: С. Јанковиќ, Б. Боев и Т.
Серафимовски, Магматизам и Терциерна
минерализација во Кожуфската металогенетска
област во Македонија со посебен осврт на
наоѓалиштето Алшар, Посеб
но издание бр. 5, РГФ, Штип, 1997.
Т. Сер.