АГРОТЕХНИКА

АГРОТЕХНИКА (ст.грч. жгрÁВ – нива и т…цнх – умеење, вештина). Обемна, научна и стручно-апликативна материја од комплексот на земјоделските науки. Проучува и изнаоѓа технички и технолошки решенија за интервенции во агробиотопите и во агробиоценозите во одделни агроекосистеми, со кои се овозможува добивање на што постабилни, поекономични и поквалитетни производи од одделни асортимани на земјоделското производство. Агротехниката опфаќа комплекс од технички и технолошки мерки кои можат да се групираат во две основни групи: 1. Мерки со кои се вршат промени во почвите од одделни агро
биотопи; и 2. Мерки со кои се вли- поради воспоставување на што поусогласени односи меѓу одделните агробиоценози и одделните својства на агробиотопите. Најзначајни мерки од првата група се почвените агромелиорации и обработката на почвата. Почвените агромелиорации, според потребата, опфаќаат поголем број мерки, како што се: нивелирање на нерамни површини; регулирање на водниот режим на превлажни површини по пат на соодветни зафати – одводнување со каналска мрежа, со посебен дренажен систем, мелиоративно продлабочување на почвениот слој и др.; чистење на површината од претходната дрвенеста и зелјеста вегетација; нивелирање на површините и парцелизација според условите на теренот и според насоките (асортиманот) на земјоделското производство и сл. Обработката на почвата претставува интервенција во горниот почвен слој со определени машини и орудија, со чија функција настануваат неколку, многу значајни, технолошки процеси, како што се: дробење и разровкување на почвената маса, превртување на изораниот пласт, мешање на одделните слоеви меѓу себе, рамнење на површина на почвата, а по потреба набивање на почвата. Секој од наведените процеси придонесува за создавање и одвивање на определени физички, хемиски и биолошки фукции во почвата, кои придонесуват за што поуспешен раст и развиток на одгледуваните агробиоценози (земјоделски култури) во дадениот агробиотоп (земјоделски локалитет). Обработката на почвата за одгледување на нивски и градинарски култури најчесто се состои од два основни дела: дел на основна обработка и дел на дополнителна обработка. Најчест вид на основна обработка е орање на почвата со плуг со штица за одметување. При орањето на почвата со ваков плуг се врши превртување и дробење на почвата на помали грутки и поситни агрегати и мешање на почвата до длабочината на орањето (најчесто 20-30 цм). Дополнителната обработка на почвата опфаќа повеќе операции со кои се оспособува горниот почвен слој за успешно изведување на сеидбата и за обезбедување поволни водно-воздушни услови за непречено никнење и развој на престојната култура. Во групата агротехнички мерки со кои се врши влијание врз одгледуваните агробиоценози (одделните култури) спаѓаат: плодоредот, семето, сеидбата, негувањето на културите. Плодоредот е план за поефикасно искористување на условите во агробиотопите преку планско менување на агробиоценозите (одделните култури) по простор и време. Многу видови нивски и градинарски култури, ако повеќекратно се одгледуваат на исто место, не наоѓаат поволни услови за нормален раст и развиток. Плодоредот опфаќа две компоненти: полесмена и плодосмена. Плодосмената претставува менувањето на културите по време, т.е. на исто место секоја вегетациска сезона се одгледува друга култура; полесмената значи дека ако земјоделскиот објект има повеќе парцели, во иста вегетациона сезона, плански, на секоја парцела се одгледува посебна култура (агробиоценоза). Семето и сеидбата како агротехнички мерки ги сочинуваат методите за избор и примена на квалитетен семенски материјал и, зависно од насоката на производството, примена на соодветен метод и техника на сеидбата. Подготовката на сеидбениот материјал опфаќа обезаразување, чистење на семето од механички нечистотии, чистење од плевелни семиња и од семе на други сорти од истата култура и сл. Сеидбата, зависно од видот и насоката на производството, најчесто се изведува со соодветни редосеалки. Негувањето на културите подразбира спроведување на определени агротехнички мерки од сеидбата до прибирањето на културите. Почести мерки се: валање на почвата, раздробување на површинската корка на почвата, меѓуредно култивирање и окопување кај окопните култури, проредување на посевите поради обезбедување пооптимален склоп (број на индивидуи по единица површина) на посевите, загрнување на растенијата кај некои посеви и др. Р. Л.