АВТОНОМНА МАКЕДОНИЯ

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЯ (Софија, 1. Ⅻ 1920 – 26. Ⅰ 1923) – весник, орган на македонската емиграција во Бугарија, а од број 53 (15. Ⅻ 1921) орган на Македонската федеративна емиграција во Бугарија. Излегувал еднаш неделно, на бугарски јазик. Првиот број бил печатен во печатницата на в. „Право”, во тираж од 2.500 примероци, а подоцна во други три печатници. Уредници биле Иван Снегаров и Владислав (Славчо) Ковачев. Објавени се вкупно 97 броја. Имал цел да ги обедини Македонците-емигранти и да создаде силна политичка организација која повторно ќе го покрене македонското прашање и неговото решавање по мирен пат. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 309-312; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 30-31. С. Мл. Автопатот Скопје&Тетово

2019-01-05T18:11:33+00:00 0 коментари