//АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА

АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА (Ла Мацéдоине аутономе)” (Белград, 12. Х – 14. Ⅻ 1905) – неделен неофицијален орган на Македонскиот клуб во Белград. Поднасловно мото: „Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците” (Гледстон). Главен уредник Григорие Хаџиташковиќ (од Воден), сопственик и одговорен уредник Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (од Гевгелија), а меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов и Е. Спространов. Весникот излегува на српски јазик (со уводниците и на француски), со програмска концепција во првиот број со поднаслови: „И. Идејата за автономија на Македонија под гаранција на големите сили и на малите балкански држави. Ⅱ. Македонското прашање не е националистичко прашање; тоа не е национално прашање на ниедна од балканските држави, секоја од кои го смета како такво за себе и со тоа го прави невозможно неговото решение; тоа е политичко прашање на сите христијански народи што живеат во Македонија. Ⅲ. Идејата за Балканска конфедерација со Македонија како нејзин член”. Кога издавачите формираат јадра и во Македонија и воспоставуваат личен контакт со раководството на ТМОРО за учество како посебна македонска група на претстојниот Рилски конгрес, во Бел-град настануваат улични демонстрации и доаѓа до смена на владата. По вербалните и физичките напади и застрашувања, по бр. 12 весникот престанува, а редакторите-издавачи мораат да ја напуштат Србија. Така е задушен и Македонскиот клуб и разнебитена организационата структура во земјата и во странство. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Македонскиот клуб во Белград и весникот „Автономна Македонија” (1905), „Современост”, ЏЏЏИ, 4 и 5, 1969, 501-542 и 619-639. Бл. Р. Органот на македонската емиграција „Автономна Македонија” (1920&1923)

2019-01-05T18:11:33+00:00 0 коментари