АБРАШЕВИЌРАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, ПРИЛЕП

АБРАШЕВИЌ -РАБОТНИЧКА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ГРУПА, ПРИЛЕП (1934–1939) – основана во 1934 г. од младинци, припадници на СКОЈ. Имало неколку секции: Мешан хор, Оркестар од усни хармоники, Драмска и Рецитаторска секција и Дувачки оркестар. Раководител на Хорската секција и на оркестрите бил Аспарух Корубиновски (19101972); со Драмската секција раководел Киро Ѕале, со Рецитаторската Трајко Бошковски-Тарцан, а Литературната дружина ја водел Миле Корубин. Сепак, основната задача на групата била партиската работа со која исто така раководел Миле Корубин. Репертоарот на секциите најчесто се состоел од македонски народни песни, како и од песни со револуционерна содржина. Ј. Т.

Напишете коментар