АБЕЦЕДАР

АБЕЦЕДАР (АБЕЦЕДАР) – буквар на македонски
јазик за македонското национално малцинство
„Абецедар” – македонски буквар отпечатен во
Атина (1925) и новото издание во Солун
(2007)
во Грција, подготвен од специјална комисија
на грчката влада (Папазахариу, Сијакцис и
Лазару), под меѓународен притисок и
покровителство на Друштвото на народите во
Женева, отпечатен во Атина во 1925 г. на
прилепскобитолско-лерински народен говор со
специјално приспособена латинична азбука и
со нагласено фонетски правопис. Прв
македонски учебник објавен од една легална
влада. Поради реакциите од Софија и од
Белград, веднаш е и повлечен од употреба во
предвидените училишта во Егејскиот дел на
Македонија. Фототипно објавен во Скопје
(1985) и преобјавен во Солун (со придружни
текстови на грчки, англиски и македонски
јазик) под наслов „Абецедар – Буквар
Анагнњстико” (2006). Азбуката во Абецедар-
от има 29 букви, при што африкатите ѕ џ се
пишуваат како дифтонзи дз дж (дзид, джам),
а ч ш ж се предаваат со хрватско-чешките ч,
ш, ж (чаша, жена), додека за темниот
полугласник (ъ) пред слоговното р (р) е
употребена романската графема î (кîрпата).
Македонските палатали ќ ѓ љ њ се градат со
помошта на ј или ü (кукја / кüти, Гјорце,
лüлјам, сиренје). Акцентот е обележен на
третиот слог од крајот на зборот или на
акцентската целост, а членот е троен (-от,
-ов, -он). ЛИТ.: Абецедар / Абецедар.
Јубилејно издание 1925–1985. Второ издание,
Скопје, ш1985ќ; Воислав Д. Кушевски, За
појавата на „Абецедарот”, „Историја”, ⅩⅠⅩ,
2, Скопје, 1983; Блаже Ристовски, Атинскиот
Абецедар – македонски буквар објавен од
грчката влада, МАНУ, 2006. Бл. Р.