АБАЗИ, Алајдин

АБАЗИ, Алајдин (Тетово, 1. XI 1942) – електроинженер, унив. професор, член на МАНУ. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град, а потоа дипломирал на Електротехничкиот факултет во Загреб (1965). Првин бил приправник во фабриката „Југохром“ во Тетово (1965) и инженер за развој во Електростопанство на Македонија (1966-1969). Бил избран за асистент на Техничкиот факултет во Приштина. Магистрирал со трудот „Нови изолациони материјали и нјихова улога у електротехници“ (1973) и докторирал на тема „Сторниранје и неутрализиранје електростатичног набоја у танким изолационим филмовима“ (1977) на Електротехничкиот факултет во Загреб. Првин бил избран за доцент (1973), потоа за вонреден (1979) и редовен професор (1985) по предметот електромагнетика на Техничкиот и на Електротехничкиот факултет и декан на Техничкиот факултет во Приштина (1979-1981). Бил визитинг-професор на Академијата на науките во НР Кина (1981), на Универзитетот Вест Вирџинија (1981/1982), на Универзитетот во Тирана и на Универзитетот Иаþи во Романија. Бил претседател на Одборот за научноистражувачка работа во Институтот „Инкос“ на Електростопанството на Косово, потпретседател на Одборот за научноистражувачка работа ЅУ УСА и член на Одборот за развој на Електростопанство на Југославија. По престојот во САД (1992-1993) за реализација на проекти финансирани одДОЕ–УСА, се вратил во РМ. Првин бил назначен за директор на Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа (2001), а потоа бил избран за прв ректор на овој универзитет во Тетово и претседател на Интеруниверзитетската конференција на РМ. Како автор и коавтор објавил над 40 научни и стручни трудови во земјата и во странство за новите изолациони материјали и електротехнички конструкции, развојот и примената на апликативните електростатични системи, тенките полимерни филмови, пресметувањето и мерењето на електричните величини и др. Коавтор е и на неколку универзитетски учебници. Избран е за член на МАНУ (2006). БИБ.: Мерење и снимање статичког електрицитета методом пробе, Саветовање о заштити од статичког електрицитета, Ⅲ, Београд, 1978; Добивање електрицитета електронским бомбардовањем, на истото место; Аналитицал анд Нумерицал Цапацитанце, Процеедингс оф ИМЕЦО Ⅷ, Москва, 1979; Управлјана елиминација електростатичког набоја, „Заштита“, бр. 1, Сарајево, 1979; Нелинеарни ефекти код сфере и ротационог елипсоида у хомогеном и електростатичком полју, „ЕТАН“, Марибор, 1979; Контролисана елиминација статичког наелектрисања, СМЕИТЈ-ГЕС 80, Доњи Милановац, 1980.ЛИТ.: Проф. д-р Алајдин Абази, „Билтен“, Петнаесетто изборно собрание. Предлози на кандидати за избор на редовни членови на МАНУ поднесени од три члена на Академијата, од наставно-научни совети на високообразовни установи, од совети

2019-01-05T18:11:29+01:00 Коментарите се исклучени на АБАЗИ, Алајдин