ШВАЈЦАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ШВАЈЦАРСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Започнуваат како трговски во втората половина на ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ в., а од крајот на ⅩⅠⅩ в. се развиваат преку образување студенти и дејствување на претставници на Македонското националноослободително движење. Ѓорѓи Капчев (1899) во Апелот до европската јавност, образложува проект за решавање на македонското прашање и работи на издавање на весникот „Ла Мацедоине“; во 1900 г. во Женева почнува да излегува весникот на МРО „Л’Еффорт“; се формираат: Политичко друштво Македонија на Македонците (Цирих); „Македонија“ – друштво за заштита на правата на Македонците – и Друштвото „Вардар“ (Лозана), Академското друштво „Македонија“ и Македонското друштво за независна Македонија (Женева). Трите најголеми друштва се обединуваат во Генерален совет на македонските друштва во швајцарија (Цонсеил Генерал дес Социетес Мацедониеннес ен Суиссе) со седиште во Лозана, со силна активност за правилно решавање на македонското прашање во времето на одржувањето на Париската мировна конференција (1919), и со сериозен ангажман, во својство на почесни членови, од угледни јавни личности на швајцарија. Активноста за независност на Македонија продолжува во периодот меѓу двете светски војни, особено пред Друштвото на народите во Женева. По Втората светска војна мнозина Македонци заминуваат на работа во швајцарија. Денес нивната бројка е ок. 60.000, организирани во друштва и асоцијации, кои одржуваат врски со РМ. швајцарија ја признава РМ на 12. Ⅴ 1993 г., а дипломатски односи се воспоставуваат на 31. И 1994 г. на ниво на амбасади. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во швајцарија е Срѓан Керим (нерезидентен, од Берлин). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на швајцарија во РМ е Арнолд Хугелтоблер (нерезидентен, од Софија). ЛИТ.: Љубен Лапе, Активноста на Главниот одбор на македонските друштва во швајцарија 1918–1919, Македонија во ⅩⅤⅠ–Ⅱ, ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Скопје, 1992; Љубен Лапе, Една акција во швајцарија за зачувување на целоста и независноста на Македонија, Македонија во ⅩⅤⅠⅠⅠ, ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Скопје, 1992; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (1990–1999), Скопје, 2005. Т. Петр. Никита шекутковски