СЛАТИНО

СЛАТИНО – вештачка акумулација во сливот на Мраморечка Река, во Дебарца. Браната е висока 15,5 м, долга 100 м, а широчината на круната изнесува 3 м. Езерото е долго 1.000 м, широко до 300 м и зафаќа површина од 0,27 км 2. Вкупната зафатнина на водата во Вештачката акумулација Слатино акумулацијата изнесува 1.400.000 м 3, од која корисната зафатнина е 1.280.000 м 3. Се користи за наводнување на обработливите земјоделски површини во Средна Дебарца, за риболов, за спорт и рекреација. Др. В. Стела Слејанска-Стојаноска