ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

ОБРАЗОВАНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – процесот на образованието во Македонија има долга историја и разновиден развиток. Образованието во средниот век – првите училишта на словенската црковна писменост и образование во Македонија. Со доселувањето Т. Серафимовски: Св. Кирил и Методиј на Словените на македонските простори (Ⅵ и Ⅶ в.) започнуваат процеси на приспособување на новиот начин на живеење, со восовозможило и појавата на писменоста и на првите училишта, благодарение на солунските браќа Кирил и Методиј и на нивните ученици. Првите училишта на словенската црковна писменост и образование во Македонија се појавиле во втората половина на Ⅸ в.. Меѓу најпознатите било училиштето на Климент Охридски, основано во 886 г. во областа Кутмичевица, со средиште во Девол. Се развило во значаен центар за ширење на словенската писменост и култура. Училиштето се состоело од два оддела: елементарен и горен. Во првиот се учело читање, пишување, молитви и црковни песни, а во вториот – делови од христијанското учење, житијата на светците, црковниот ред, проповедите и сл. и се подготвувале свештеници, односно проповедници на христијанското учење. Во обемната работа и благородното дело на Климента му помагале најдобрите ученици. Училиштето го завршиле над 3.500 ученици, кои потоа ја ширеле словенската писменост, отворајќи нови,(в.) ќелијни училишта. Воспоставувањето на Охридската патријаршија, во времето на царот Самуил, кога македонската држава била најголема и најмоќна, позитивно дејствувало врз создавањето на црковната книжевност и во развојот на црковното образование и просвета. До почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. е создаде-Раскопки на Плаошник, каде што бил Климентовиот книжевно-културен центар во Охрид поставување на односи со староседелците и со Византија. Прифаќањето на христијанството (покрстувањето завршува во Ⅸ в.) имало посебно значење за развојот на културата и просветата на македонските Словени. Тоа ја на богата црковна книжевност (псалтири, апостоли, хагиографии и др.), која сведочела за успешната работа на (в.) Манастирските ќелијни училишта. ЛИТ.: Х. Поленаковиќ, Во мугрите на словенската писменост, Скопје, 1973. К. Камб. Образованието во времето на турската власт (ⅩⅤ–ⅩⅤⅠⅠ в.)– период по конечното потпаѓање на Македонија под турска власт (1395), кога можностите за развој на школството и просветата биле мошне неповолни. Животот на македонското население (рајата) бил претворен во борба за самоодржување. Условите за работа на (в.) ќелијните училишта значително се влошиле и поради дејствувањето на Цариградската патријаршија, која, како привилигирана институција во Отоманската Империја, го наметнувала грчкиот јазик во училиштата и во богослужбата. Но и во такви услови манастирите успеале да ја зачуваат старословенската писменост и традиција. Тие располагале со сопствени библиотеки и ја про-должувале традицијата на препишувањето стари ракописи и книги. Во ⅩⅤⅠ и ⅩⅤⅠⅠ в. во Македонија имало 44 манастири. Укинувањето на Охридската архиепископија (1767) отворило простор за зголемено влијание на Цариградската патријаршија и за силни притисоци врз словенската просветна традиција, организирана по манастирите, црквите и училиштата. Постепено се уништувало с¢ што било словенско. И покрај тоа, ќелијните училишта ја про-должувале својата работа. Постоеле и училишта за муслиманските деца (турски и исламизирани). Оние за почетно образование биле нарекувани мектеби, а училиштата во кои се подготвувал верски кадар за мектебите и за шеријатските судови се викале медреси. Медресите биле средни училишта. Најпознато такво училиште (основано во Скопје во 1440 г.) било Исак-беговата медреса. Во ⅩⅤⅠⅠ в. во Скопје имало 6 медреси, во Битола 9, во Охрид 2 и по 1 во другите поголеми места. ЛИТ.: Р. Кантарџиев, Историја на образованието и просветата во Македонија, Скопје, 2002. К. Камб. Образованието во Македонија во ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ век –посебно значаен период за развојот на школството и просветата во Македонија. Во овој период суштински се менува физиономијата на традиционалното училиште. Општествено-економските промени карактеристични по стоковно-паричните односи, развојот на занаетчиството и трговијата, економскиот подем на македонските градови, зајакнувањето на македонската граѓанска класа, воспоставувањето црковно-училишни општини, како органи на црковниот и просветниот живот, внесуваат битни промени во развојот, содржината и организацијата на училишниот живот. Најзначајна Егзархиското училиште во Куманово (ⅩⅠⅩ в.) придобивка на овој период е појавата на (в.) световни училишта, со настава на македонски народен јазик (средината на ⅩⅠⅩ в.). Првите световни училишта се отворени во економски најразвиените градови: Велес (1837), Штип (1840), Скопје (1848), Куманово (1852), Тетово (1854) итн. До крајот на седумдесеттите години на ⅩⅠⅩ в. световни училишта биле отворени речиси во сите македонски градови и во поголемите села. Во 1875 г. во Македонија имало 65 градски и над 150 селски народни училишта. Процесот на развојот на световните училишта го имал следниот тек: понародување на грчките световни училишта; воведување световни предмети и содржини во општинските ќелијни училишта; отворање нови училишта со световна настава. Носители на овие процеси и најпознати преродбенски учители биле: Димитрија Миладинов, Јордан Хаџи-Константинов – Џинот, Рајко Жинзифов, Константин Миладинов, Кузман шапкарев, Григор Прличев, Димитар Македонски и др. Со развојот на македонските световни училишта се појавиле и првите македонски учебници. Во периодот 1857–1882 биле издадени повеќе буквари, читанки и други основношколски учебници, чии автори биле: Анатолија и Партенија Зографски, Димитар Македонски, Кузман шапкарев и др. Училишниот живот во Македонија во периодот од 30-тите до 70-тите години на ⅩⅠⅩ в. се остварувал без постоење на централна училишна власт. За организирањето, работата и управувањето на училиштата се грижеле посебни училишни настојателства или црковно-училишни општини, така што секое училиште се развивало самостојно и слободно (в. световни училишта; заемни училишта; главни училишта). По Берлинскиот конгрес (1878) школството во Македонија продолжува да се развива под турска власт, но во услови на засилена конкурентска борба на грчката, на бугарската и на српската буржоазија за остварување што поголемо влијание во Македонија, што довело до отворање нови видови училишни установи. Освен основните и главните (прогимназијални), се појавиле и првите средни училишта, неделни и вечерни училишта за возрасни, забавишта итн. Бројот на училиштата значително се зголемува. Само Егзархијата, како главен експонент на големобугарската (санстефанска) политика, на прагот на ⅩⅩ в. (1899/1900) во Македонија под своја контрола имала 781 училиште, од кои 718 основни,58 полугимназии и 5 средни училишта: 3 гимназии (Солун – машка и женска и Битола) и 2 учителски школи (Скопје и Серез) со вкупно 39.454 ученици, од кои 13.460 во забавишните групи. Се зголемил и бројот на српските и на грчките училишта. По Балканските војни и поделбата на Македонија трите држави (Србија, Грција и Бугарија) спроведуваат политика на однародување и асимилација. Македонските деца во Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија биле присилени да учат во училишта на српски, на грчки и на бугарски јазик. ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994; Р. Кантарџиев, Историја на образованието и просветата во Македонија, Скопје, 2002. К. Камб. Образованието меѓу двете светски војни (1918–1941) – период кога во македонските училишта и во другите воспитно-образовни институции во Вардарскиот дел на Македонија се учи на српски јазик, а употребата на македонски книги и на македонскиот јазик е строго забранета. По воспоставуЗградата на Филозофскиот факултет, Скопје (1920&1941) вањето на својата власт во Вардарскиот дел на Македонија, монархистичкиот режим на Кралството СХС (од 1929 г. Кралство Југославија) не признава постоење на македонска нација, македонски јазик, историја и култура. Македонците се третирани како „Срби“, а Македонија како „Јужна Србија“. Просветната политика е подредена на целта за денационализација и асимилација на Македонците. Затоа и раководењето на образованието и училиштата е наполно централизирано. Учителите се државни чиновници. Донесувањето наставни планови и програми, правилници и препораки, употребата на учебници и книги, назначувањето и отпуштањето на учителите, како и платите на учителите се во надлежност на Министерството за просвета. Образовниот систем е политички детерминиран и неразвиен. Бројот на неписменото население е огромен, над 50%. Предучилишното воспитание речиси воопшто не е застапено. Средното образование, како во однос на мрежата, така и во однос на структурата, исто така, останува неразвиено. Освен гимназиите (полни и нижи), постојат само неколку средни стручни училишта. Во областа на високото образование дејствува само една институција – Филозофскиот факултет во Скопје, отворен во 1920 г., а образование на возрасните се остварува главно преку неколку (в.) народни универзитети. Се смета дека најповолен развој образованието во Македонија меѓу двете светски војни е достигнат во учебната 1939/40 г., за што сведочат следниве статистички податоци: – предучилишно воспитание:25 забавишта со 1.611 деца; основни училишта: 850 со 1.808 паралелки, 95.010 ученици и 1.561 учител; средно образование:41 училиште со 12.605 ученици, од тоа: нижи стручни училишта 22 со 2.180 ученици; средни стручни училишта 4 (2 трговски академии, медицинско училиште и учителска школа) со 885 ученици,27 паралелки и 60 наставници; гимназии 15 (6 полни) со 9.540 ученици, 237 паралелки и 397 наставници; – образование на возрасните: 67,5% неписмено население над 10-годишна возраст (според пописот од 1931). ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб. Образованието во времето на НОБ – Првите училишта на слободната територија (1943) Образованието во времето на НОБ (1941–1944) – период во кој просветно-образовната дејност има специфичен карактер. Народноослободителната борба не била само борба за ослободување од фашистичките окупатори, туку и борба за национално и социјално ослободување, за подигање на образованието и на културното ниво на населението. Просветно-културната активност во времето на НОБ имала специфичен карактер, не само поради огромниот број неписмени, туку и поради тоа што по Балканските војни употребата на мајчиниот македонски јазик била забранета. Затоа и борбата за афирмација на македонскиот јазик добила приоритетно место. Неписмените борци учеле да читаат и да пишуваат, слушале политички предавања, го читале партизанскиот печат. Се работело и на описменување и на образованието на населението. Првото училиште на македонски јазик во НОБ во селото Подвис, Кичевско (септември 1943) Се организирале разновидни активности и народот се запознавал со македонската историја, географија, со новите политички определби. По капитулацијата на Италија и воспоставувањето на народната власт на слободните територии во Западна Македонија се отворени (есента на 1943) првите партизански училишта на мајчин македонски јазик (Подвис, Осој, Гари, Издеглавје, Слатино, Оздолени, Ботун, Ново Село, Долно и Горно Средоречје и Дебар). При Главниот штаб на НОБ и ПОМ се формира и посебен Просветен реферат на чело со Петар Богданов-Кочко. Почетоците на конституирањето сопствен национален систем на образованието се забрзани по одржувањето на И заседание на АСНОМ како државноправен облик на македонската државност (2 август 1944). На заседанието е донесено решение со кое македонскиот се прогласува за службен јазик во Македонија, што значи и за наставен во училиштата. Формирано е и посебно Поверенство за просвета на чело со проф. Епаминонда Поп Андонов. Президиумот на АСНОМ, заедно со Поверенството за просвета, донел повеќе одлуки и упатства за дефинирање на современата македонска азбука, на граматиката на македонскиот јазик, на наставните планови и програми, прирачниците и учебниците, организирањето аналфабетски курсеви, обезбедувањето учителски кадри, оспособувањето просторни услови за наставна работа, а го покренува и прашањето за отворање универзитет во Скопје. Благодарение на преземените мерки и активности многу основни училишта ја започнуваат својата работа уште пред конечното ослободување на Македонија. ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб. Образование на возрасните – воспитно-образовна дејност за развивање и задоволување на образовните потреби на возрасните лица. Како компонента на (в.) перманентното образование, образованието на возрасните е мошне флексибилна активност, која во себе ги опфаќа како социјалногрупните, така и индивидуалните форми на учење. Во Македонија вакви активности се забележуваат уште во времето на св. Климент Охридски (Ⅸ и почетокот на Х в.), но поорганизиран карактер добиваат во втората половина на ⅩⅠⅩ в.: читалишта, книжарници, вечерни и неделни школи и сл.; меѓу двете светски војни овој вид образование во Вардарскиот дел добива институционален облик во (в.) народните универзитети. Образованието на возрасните посебно значење има по ослободувањето на Македонија. Огромниот број неписмено и необразовано население (над 60%) придонесува, во годините по Ослободувањето, образованието на возрасните да добие карактер на масовно народно просветување. Најраспространети форми на оваа активност се аналфабетските курсеви (в. неписменост и вечерни школи). Придобивка на овој период се (в.) работничките универзитети, како институции за интегрално образование на возрасните. Значајна улога имаат и центрите за стручно образование и усовршување на возрасните, како и повеќе основни и средни училишта за возрасни (1960/61 г. работеле 108 основни и 97 средни училишта за возрасни). Во денешни услови образованието на возрасните е свртено главно кон формите на преквалификација, за учење на странски јазици и за компјутерската обука (в. андрагогија; просвета). ЛИТ.: К. Камберски, Образованието на возрасните во Македонија по ослободувањето, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, Скопје, 1995, 19-31. К. Камб. Образованието по ослободувањето на Македонија (1945–2005) – период во кој воспитанието и образованието во Македонија бележат изразито динамичен развој. За само неколку години по заврХидро-биолошкиот институт, Охрид рени темелите на националниот воспитно-образовен систем, почнувајќи од предучилишното воспитание, па с¢ до образованието на возрасните. Најзначајни промени се остварени во поглед на достапноста на училиштата на сите деца, младинци и возрасни, без разлика на социјалната положба, на националната и на верската припадност. Во рамките на новата ориентација, веднаш по ослободувањето, училиштата се издвојуваат од црквата, а сите приватни и црковни училишта (освен оние што подготвуваат свештенички кадри) се укинуваат, односно е извршено поопштествување на воспитно-образовниот процес. Тоа се рефлектира не само во односите држава – општество – образование, туку и во организацијата на воспитно-образовната дејност (работата на училиштата, местото и положбата на учениците и на наставниците во образовниот процес, итн.) што ги детерминира и сите подоцнежни промени на образовниот систем. Глобална карактеристика на развојот на образованието по Ослободувањето е брзото и постојано зголемување на бројот и на видовите воспитно-образовни установи и на образовниот опфат на децата, младите и возрасните, што резултира со постојано подобрување на образовната структура на населението. Првите години по Ослободувањето посебно внимание се посветува на борбата против неписменоста и на развојот на (в.) основното образование и воспитание. Веќе во првата слободна учебна 1945/46 г. работеле 1.057 училишта со 124.712 ученици. Со школската реформа од 1958 г. се воведува единствено осумгодишно основно училиште, задолжително и бесплатно за возрасната популација од 7 до 15 години, со општообразовен карактер, кое до денес претставува темелна структура на образовниот систем. Предучилишното воспитание и образование, исто така, бележи значаен развој, претставува составен дел на глобалниот воспитно-образовен систем, иако не е задолжително. Средното образование до школската реформа (1958) се остварува на две нивоа:(в.) нижи средни училишта и средни учишувањето на војната, иако во мошне отежнати услови, беа уд-Гафички приказ на актуелниот образовен систем во РМ лишта, а потоа сите добиваат статус на средни училишта, но со различна положба и значење. Средното училиште доживува радикални промени со реформата позната како (в.) насочено образование, а од учебната 2008/09 г. и тоа е задолжително. Најдинамичен и најекспанзивен развиток доживува (в.) високото образование. Во областа на образованието на возрасните посебно место имале (в.) народните и работничките универзитети. По осамостојувањето на Македонија, развојот на системот на воспитанието и образованието е во фаза на постојани, но и недоволно дефинирани промени, во настојувањата да се одговори на транзициските предизвици. Една од позначајните промени е можноста за отворање приватни училишта и (в.) универзитети. ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994. К. Камб. Образовен опфат – процент на вклученост на соодветната возрасна популација во предучилиш61.556 (3.043 студенти на 100.000 жители). ЛИТ.: К. Камберски, Од буквар до универзитет, Скопје, 1994; Р. Кантарџиев, Историја на образованието и просветата во Македонија, Скопје, 2002. К. Камб.