РУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

РУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Датираат од времето на покрстувањето на Ру-сите (крајот на Ⅹ в.) и развиените врски меѓу цар Самуил и киевскиот кнез Владимир. Од средниот век влечат потекло културнопросветните и црковните односи (охридскиот архиепископ Гаврил на крајот од ⅩⅤⅠ в. ја посетува Русија, но и други европски држави, барајќи помош за својата црква). Меѓу 1751–1753 г., со дозвола на кралицата Елисавета Петровна, Македонци од Унгарија се преселуваат покрај Днепар (Украина), тогаш во состав на Руското Царство, на границата со Турција. Во 1759 г. се формира Македонски коњанички маневарски полк со 4.000 лица, внатрешно организиран и формациски поделен на помали единици, со сопствен печат, грб и знаме. Политиката на Русија кон Балканот во ⅩⅠⅩ в. резултира во Санстефанскиот прелиминарен мировен договор, односно, постберлински поредок на Балканот (1878). Во 1796 г. се отвора вицеконзулат во Солун (кон крајот на педесеттите години на ⅩⅠⅩ в. со ранг на конзулат, а од 1880 г. на генерален конзулат), а во 1860 г. во Битола (во 1881 г. спуштен на ниво на вицеконзулат). На крајот од ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ в. Русија, како најзаинтересирана за состојбите на Балканот (заедно со Австро-Унгарија), е ополномоштена од големите сили да биде чувар на суверенитетот и интегритетот на Турција, заради што предлага реформи – Февуарски (Виенска спогодба) пред и Мирцштегски по Илинденското востание. Во ⅩⅠⅩ в. во Кишинев, Москва, Петроград, Казан, Херсон, Полтава, Одеса, Киев и во други градови се образуваат и дејствуваат Анатолиј Зографски, Натанаил Стојанович Кучевишки, Партенија Зографски, Константин Димитриевич Петкович, Андреј Димитриевич Петкович, Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Ефрем Цветков Каранов, Венјамин Мачуковски, Ѓорѓи Динков (Динката), Константин Станишев, Димитрија Чуповски, Наце Димов, д-р Гаврил Константинович, Крсте Петков Мисирков, и др. Книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков (Софија, 1903) е напишана во Русија. Во 1905 г. почнува да излегува научно-литературното и политичко списание „Вардар“. Македонците во Русија се организираат во разни друштва и асоцијации. Најпознато е Македонското научно литературно другарство во Петроград (основано во 1902 г.). За ситуацијата во Македонија пишуваат Александар Валентинович Амфитеатров („Страна раздора“, 1903), кој ја посетил Македонија (1901–1902); Н. П. Кондаков, „Македони®. Археологическое путошествие“ (1909); И. Роганович, „МакедонскиŸ вопрос на почве его истории, Ìтнографии, политики“ (1900) и др. Во предвечерјето на Балканските војни при формирањето на т.н. Балкански сојуз, рускиот цар е определен за арбитер меѓу балканските држави доколку би настанал спор при поделбата на територијата на Македонија. Контакти меѓу СССР и Коминтерната и претставници на ВМРО се остваруваат во 1922 г. Во Москва се утврдува платформа за соработка што не се остварува. Во ноември 1944 г. во Македонија пристигнува воена мисија на СССР на чело со мајор Инков. Советски офицери или воени инструктори (од декември 1944 до март 1945) организираат и раководат воени курсеви за обука на припадниците на македонската војска и подготвување старешински кадар. Истовремено, во СССР на воено школување заминуваат високи офицери. Мајор Инков присуствува на Второто заседание на АСНОМ како акт на де фацто признавање на новоформираната држава. По Втората светска војна во рам-ките на односите на поранешна Југославија со СССР се одржуваат интензивни културно-научни и економски врски. Армијата на СССР учествува во санирањето на последиците од скопскиот земјотрес (1963). Руската Федерација ја признава Република Македонијана 5. Ⅶ 1992 г. Одлуката ја соопштува Виталиј Чуркин, заменик-министер за надворешни работи при неговата посета на Скопје. Дипломатски односи се воспоставуваат на 31. И 1994 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонијае Гане Тодоровски. Прв вонреден и ополномоштен руски амбасадор е Пјотр Добросердов. Во 2001 г. се отвора конзулат на Руската Федерација во Битола. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Крсте П. Мисирков (1894–1926)…, Скопје, 1966, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петербург, И–Ⅱ, Скопје; Македония. ПутÏ к самостоятелÏности. ДокументÎ, Москва, 1997; Александар Трајановски, Македонско-руските врски во ⅩⅠⅩ век и отворањето на руски конзулати во Македонија (Прилог кон македонско-руските врски во минатото), „Историја“, ⅩⅩⅡ, 2, Скопје, 1986; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (1990–1999), Скопје, 2005. Т. Петр.