РОДИНА

„РОДИНА“ (Солун, 19. Ⅱ 1910 – 2. Ⅶ 1910) – политичко-информативен неделник. Главен уредник бил Данаил Крапчев. Се застапувал за заштита на слободите и правата на граѓаните гарантирани со Уставот. Бр. 16 го содржи Мемоарот на депутатите Тодор Павлов од Скопје, Христо Далчев од Сер и Димитар Влахов од Солун. Објавени се вкупно 18 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 240; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 101–102. С. Мл.