ПОПОВ

ПОПОВСКИ, Глигор (с. Будинарци, Беровско, 1. Ⅳ 1928 – Скопје, 14. Ⅴ 2007) – еден од првите писатели за деца и младина, преведувач. Завршил Учителска школа во Скопје. Работел како уредник на детските списанија на „Детска радост“. Глигор Поповски ДЕЛ: Стихозбирки: Цвет, Ск., 1953; Росица, Ск., 1956; Со тротинет по цел свет, Ск., 1958; За поубав свет, Ск., 1978; Човек со човек, Ск., 1982; бајки и сказни: Бајка за детето Вилен, Ск., 1952; Сказни за Возовија, Ск., 1967; Морнарот Неб, Ск., 1971; Елен камен, Ск., 1988; романи: Мостот, Ск., 1959; Црвената рака, Ск., 1961; Ис-пит, Ск., 1972; Бојан, Ск., 1973; Планино, убавино, Ск., 1979; Учителката, Ск., 1984; Другата страна, Ск., 1991. В. Тоц. Григори Поповски