ПОПОВ

ПОПОВИЌ, Чедомир (с. Вруток, Гостиварско, 22. Ⅵ 1914 – Скопје, 3. И 1993) – педагог, методичар и учебникар. Завршил учителска школа во Скопје (1934) и студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1951). Бил учител, професор во Учителската школа „Никола Карев“ и на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ (1961–1978) во Скопје. Има значаен придонес во оспособувањето на учителски кадри по Ослободувањето на Македонија. Посебно се занимавал со прашања на методиката по мајчин јазик и математика во одделенската настава. Објавил над 100 педагошки труда. Автор е на првата македонска методика по мајчин јазик за основните училишта (И-Ⅴ одд., 1967), на неколку прирачници и на повеќе учебници по математика за одделенска настава. БИБ.: Почетно читање и пишување, 1957; Почетна математика, 1973; Буквар за возрасни (коавтор), 1946 и др. ЛИТ.: Чедомир Поповиќ (1917–1993), Збор. на трудови, Скопје, 2001. К. Камб.