ПЕНА

ПЕНА – лева притока на р. Вардар. Извира под врвот Џини Бег на шар Планина, на височина од 2.400 м, а во Вардар се влива кај селото Сараќино на височина од 415 м. Долга е 37 км, има вкупен пад од 1.985 м и просечен пад од 54 ‰. Од изворот до дното од Полошката Котлина има изразито планински, а од градот Тетово до сливот рамничарски карактер. Поради големиот пад и поради слабата отпорност на процесот на ерозија на карпестите маси таа има пороен карактер. Со смалување на падот во Полошката Котлина во пролет и во есен предизвикува поплави. Во 1926 г. на неа е изградена првата поголема проточна хидроелектрична централа во Македонија „Пена“. Др. В. Бранко Пендовски