МАНИВИЛОВ ПРЕСПАНСКИ, Наум

МАНИВИЛОВ ПРЕСПАНСКИ, Наум (Љубојно, 18. Ⅶ 1934 – Скопје, 8. Ⅹ 1961) – поет. Завршил средно образование. Работел како новинар во в. „Млад борец“. Член на ДПМ од 1960. Неговата поезија, иако прекината со прераната трагична смрт, остави силен печат во тогашната развојна ета-па на македонската лирика; таа е исполнета со младешки жар и копнеж за слободен израз. БИБ.: Преспа, Ск., 1961; Ноќен патник, Ск., 1963 – постхумно. Избор од неговото поетско творештво е објавен во редакција и со предговор на Слободан Мицковиќ. П. Гил.