МАКЕДОНСКИ

МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ВО СРБИЈА (1996–2006). Првото друштво на Македонците во Србија (Србија и Црна Гора) „Македонија“ било формирано во Браничевскиот округ со седиште во Пожаревац (1996). Во Белград (јули 1997) било формирано Југословенско-македонско друштво за пријателство „шар Планина“, кое формирало подружници во Крушевац, Крагуевац, Лесковац, Панчево и Нови Сад. Во Зрењанин (5. Ⅶ 1998) било формирано Српско-македонско друштво за пријателство. Потоа биле формирани: Здружение на Македонците од Подунавскиот округ, со седиште во Смедерево (5. Ⅺ 1999); Здружение на Македонците од Јабланичкиот округ „Илинден“, со седиште во Лесковац (28. Ⅺ 2002); Здружение на Македонците од Нишавскиот округ „Вардар“, со седиште во Ниш (20. ⅩⅠⅠ 2002); Здружение на Македонците од Јужнобанатскиот округ „Вардар“ (16. Ⅱ 2003). Се создале услови за формирање Заедница на македонските друштва. Во Пожаревац (5. Ⅶ 2003) се одржало основачко собрание на Македонската заедница во Србија и Црна Гора. За претседател бил избран Гојко Илиевски, правник. По нејзиното формирање се зголемил бројот на здруженијата. Било формирано Здружение на Македонците во Белград „Кочо Рацин“ (13. ⅩⅠⅠ 2003). На крајот на 2004 г. бил фомиран Национален совет, орган на Македонската заедница друштва бил формиран и Сојуз на Претседателот на Националниот совет на Македонската заедница во Србија Јован Радески ги прима клучевите од канцеларијата од претседателот на Општината Панчево (2004)македонските културни друштва пред државните органи за остварување на правата на македонското национално малцинство во областа на: употребата на јазикот, писмото, образованието, информирањето и културата. Конститутивната седница се одржала во Панчево (26. ⅩⅠⅠ). Било формирано Здружение на Македонците од Пчињскиот округ „Гоце Делчев“, со седиште во Врање (17. Ⅱ 2005). Националниот совет поради недоволната ангажираност не обезбедил институционално позиционирање на Македонската заедница. Како последица на тоа, кон крајот на декември, кога Собранието на Државната Заедница Србија и Црна Гора ја ратификувало Европската повелба за малцинските јазици, македонскиот јазик не бил регистриран во малцинските јазици во државата. ЛИТ.: Гојко Илиевски, што се случи со нас? Како го организирав македонското национално малцинство во Србија и Црна Гора, Пожаревац, 2006. М. Мин. Љубен Лапе: Активноста на Главниот одбор на македонските друштва во швајцарија 1918&1919