КУКУШ

КУКУШ (Килкис) – град во Егејскиот дел на Македонија (Грција), со 12.400 ж. (2002). Се наоѓа во североисточниот дел на Солунското Поле, 50 км северно од Солун и 34 км југоисточно од Стар Дојран. Како градска населба се развил во ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Во 1859 г. тука е прогласена Кукушката унија. Во 1870 г. во него живееле 3.768 ж., исклучиво Македонци. Подоцна почнуваат да се населуваат и Турци, така што во 1898 г. Кукуш имал 7.750 ж. од кои, 7.000 биле Македонци, а 750 ж. биле Турци. С” до 1913 г. тој претставувал центар на македонската култура и револуционерно жариште од каде што потекнуваат повеќе бележити револуционерни и културно-просветни дејци на Македонија, меѓу кои и Гоце Делчев. Во Втората балканска војна грчката војска го изгорела градот до темел. Населението избегало во Струмичко и во Бугарија. Во 1924 г. Кукуш е населен со Грци, доселеници од Мала Азија и од Кавказ. Во 1940 г. во него живееле 8.356 ж., а во 1961 г. 10.947 ж. Денес тој е центар на Кукушката околија, во која има 162 населени места. Населението се занимава главно со трговија, занаетчиство и со земјоделство. ЛИТ.: Тодор Симовски, Населени места во Егејска Македонија, кн. И, Скопје 1978. Ал. Ст. Гробот на Партенија Зографски во црквата „Св. Стефан”, Истанбул