КОРОВЕШОВ, Атанас (с. Смрдеш, Костурско, 1913 – с. Корнишор, Ениџевардарско, 2. IX 1945) – деец на македонското национално и комунистичко движење, борец во македонскиот партизански одред „Лазо Трповски” (1943). Во 1944 г., по судирот со раководството на КПГ за македонското национално прашање, со група македонски борци преминал во Вардарскиот дел на Македонија и Атанас Коровешов бил командант на баталјон на Првата македонска НОУ бригада и војувал заедно со македонската војска. Бил командант на баталјон на Ударната бригада на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, член на раководството на НОФ за Егејскиот дел на Македонија. Загинал на планината Пајак во борба со грчките монархистички сили. ЛИТ.: Т. Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1987. Ст. Кис.