ГЛАС

„ГЛАС“ (Положај и Брчко, март-јуни 1945) – орган на Четириесет и осмата (македонска) дивизија на НОВЈ, на македонски јазик. Првиот број е на 18 страници, умножен на гештетнер, а двобројот 2-3 е печатен во современата градска печатница во Брчко, со клиширан илустративен материјал. Меѓу другите, објавен е и фактографскиот напис „Нашата дивизија во завршните операции и новите задачи“. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 71-74; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 136. С. Мл. „Глас македонски