ЧУПОНА, Ѓорѓи Ташков (с. Маловиште, Битолско, 10. Ⅳ 1930) – математичар, ред. проф. на ПМФ (1972), дописен (1979) и редовен (1983) член на МАНУ. Дипломирал (1953) на Филозофскиот факултет (Група математика), каде што бил избран (1955) за асистент. Докторирал (1959) на ПМФ со темата „Прилог кон теоријата на алгебарските структури“. Во текот на 1964 г. престојувал на специјализација на Универзитетот во Манчестер, Велика Британија. Научниот интерес на д-р Ѓорѓи Чупона е од областа на алгебрата, посебно делот од универзалната алгебра што ги изучува нарните, векторско-вредносните и други слични структури. Објавил стотина научни трудови. Соработката остварена со низа математичари од поранешните југословенски простори, како и големиот број објавени заеднички трудови, го истакнале како еден од водечките алгебристи во СФРЈ. Според достигнатите научни резултати, тој успеа да ја направи македонската алгебра препознатлива и во светски рамки. Под негово суштинско раководство се изградени сите наши научни кадри од областа на алгебрата. Учебниците по алгебра и учебни-Меморандумот на Македонците (1. Ⅲ 1913) ците наменети за техничките факултети на коишто е автор или коавтор, одиграа незаменлива улога во издигањето на алгебарската и, пошироко, на математичката култура во земјава. Ѓорѓи Чупона БИБ.: Учебници: Предавања по алгебра И, Скопје, 1968; Ѓ. Чупона, Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Предавања по виша математика, И–Ⅲ, Скопје, 1971–72; Ѓ. Чупона, Б. Трпеновски, Предавања по алгебра Ⅱ, 1973; Алгебарски структури и реални броеви, Скопје, 1976; Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Ѓ. Чупона, Виша математика, И–Ⅳ, Скопје, 1993–1995. Одбрани научни трудови: За финитарните операции, Год. зб. на Филозофскиот факултет, Природно-математички оддел, 12, 1959, 7–49; За асоцијативите, „Прилози“, МАНУ, Одделение за природно-математички науки, И, 1, 1969, 9–20; Вецтор Валуед семигроупс, Семигроуп Форум, Вол. 26, 1983, 65–74; Г. Чупона, Н. Целакоски, С. Марковски, Д. Димовски, К. Тренчевски, Б. Јанева, З. Стојаковиќ, С. Илиќ, Вецтор Валуед Семигроупс анд Гроупс, монографија, МАНУ, 1988; Г. Цупона, Н. Целакоски, Фрее гроупоидс њитх (џѕ)= џѕ , „При2 22 лози“, МАНУ, Одделение за природно-математички науки, 17, 1-2, 1996, 5-17. ЛИТ.: ПМФ 1946-2006, монографија, Скопје, 2006; Развој и состојба на мате-матичките науки во СР Македонија, МАНУ, 1987. Н. Ц.