ЦЕНТРАЛИЗАМ

ЦЕНТРАЛИЗАМ (1893–) – идеологија и систем за организирање на дејствувањето на МРО и за уредување на проектираната независна македонска држава. Идејно осмислен и вграден во Уставот (1896) и применет во практичното револуционерно дејствување на МРО, при организирањето на „Крушевската Република“ (1903) и во Уставот и уставното уредување на македонската држава – НР/СР/ РМ. Централизмот на МРО бил заснован врз демократски начела. Во МРО (ТМОРО / ВМОРО) можеле да членуваат и членувале Македонци, Власи, Евреи, Ерменци, Турци и др. жители на Македонија, кои ја прифаќале усвоената цел: одбрана на територијалната целост на Македонија, ослободување и создавање македонска држава, која ќе обезбедува демократски права и слободи, рамноправност на сите без разлика на националната и верската припадност, под девизата: „Македонија на Македонците“. Прашањето за централизмот особено било актуелно во македонските средини непосредно пред Втората светска војна. ЛИТ. : Сп., „Македонски вести“, 43, 1936. М. Мин. Марко К. Цепенков ЦЕПЕНКОВ, Марко Костов