ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Најстарото спомнување на нешто македонско во културната ризница на Франција е „ла гент де Самуел“ – народот на Самуил во најстарата француска песна од Роланд (Цхансон де Роланд, ⅩⅠⅠ в.). Прв патописец што ја спомнува Македонија е Бертрандон де ла Брокиер (Бертрандон де ла Брокиер) во „Патување преку морето“ (ⅩⅤ в.). По него и патеписците Пјер Белон, Филип Дифрен-Кане, Робер де Дро, Пол Лука, Мотре, шарл Сонини, Енри Мари-Кузниери, Франсоа Пуквил, Антоан Оливие, Ами Буе, шевро, Рене Миле, но и конзулот Феликс де Божур (Солун, 1787– 1797) во „Воѕаге милитаире данс л’Емпире отхоман“. Франција прва отвора конзулат во Солун (1688) и во Битола (1854). Од крајот на ⅩⅤⅠⅠ и почетокот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. се интен-Анатол Франс зивираат трговските односи, се спроведува католичка пропаганда (преку активности на дипломатите, на католичките мисионери-лазаристи, отворање нивни училишта (1855 г. во Битола, потоа во Солун, Кукуш, Кавала, Ениџе-Вардар), културни и хуманитарни институции. Интересот на Франција за Македонија се зголемува по појавата на Македонското националноослободително движење. Истакнати Французи се залагаат за подобрување на положбата на населението во Македонија: писателот и академик Анатол Франс со говор на париски митинг (1903), балканологот Виктор Берар со трудовите „Ла Турљуие ет л’Хелленисме Цонтемпораине“ (1895), „Ла Мацедоние“ (1897), „Ла Политиљуе ду Султан“ (1898) и „Про Мацедониа“ (1904), како и осврт на солунските атентатори во „Ла Ревуе де Парис“ (јуни 1903). Пред Илинденското востание во Париз почнува да излегува весник на МРО „Ле Моувемент Мацедониен“. Жан Жорес По востанието пратениците во францускиот парламент Жан Жорес и Франсе Де Пресансе бараат енергично решавање на македонското прашање. Македонскиот комитет (формиран во Париз во февруари 1903 г.) организира меѓународен митинг во парискиот театар „Сара Бернар“ (25. Ⅹ 1903) на кој присуствуваат видни личности на политичкиот и културниот живот на Франција, В. Британија, Италија и на САД и се усвојува резолуција со барање до големите сили за запирање на насилството во Македонија. Резултат е големата акција за собирање парични и други средства за помош на настраданото население во Македонија. Франција учествува во реализирањето на Мирцштегската спогодба во Серскиот сектор, до Младотурската револуција. Во Првата светска војна француската армија е распоредена на јужниот дел од Солунскиот фронт. Во француските политички кругови кон крајот на војната постојат идеи за создавање посебна македонска државна единица под гаранција на големите сили. Француската влада во пролетта на 1918 г., бара од штабот на Француската армија во Солун да организира темелна анкета/истражување за да се испитаат сите економски политички, етнографски, историски и други карактеристики на Македонија. Се формира тим од француски научници, кои по двомесечна работа сред македонскиот народ подготвуваат Извештај за состојбата во Македонија, во кој констатираат дека македонскиот народ не е дел од српскиот, од бугарскиот, а најмалку од грчкиот народ, туку посебен словенски народ, којшто зборува на свој македонски јазик и чие ослободување треба да се реши во рамките на една Јужнословенска федерација. Рене Пикар, еден од експертите за македонското прашање, составува писмен концепт за иднината на Балканот („автономија на Македонија е единственото решение за македонскиот проблем“), а своето воодушевување од Македонија и Македонците го изразува и Едмонд Бушие „де Бел Ла Мацедоние ет Лес Мацедониенс“ (1922). Но на Париската конференција Франција е за потврдување на поделбата на Македонија. Меѓу двете светски војни Париз е едно од средиштата на македонската интелегенција. Во шеесетитте години од минатиот век Македонци од економски причини емигрираат во Франција. Врз основа на Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и Р Франција (28. Ⅺ 1972) во Скопје се отвора Францускиот културен центар. Р Франција ја признава Република Македонијана 8. Ⅳ 1993 г., а дипломатските односи се воспоставуваат на 27. ⅩⅠⅠ 1993 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонијаво Р Франција е Луан Старова. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Р Франција во Република Македонијае Патрик Крисман. Во октомври 1995 г. се отвора почесен конзулат на Р Франција во Битола. За прв почесен конзул е назначена Калиопи Кривашија Стилиновиќ. Во јуни 1996 г. во Битола се отвора конзулат на Р Франција. Во согласност со Спогодбата за прашањата на сукцесијата на СФРЈ (2001), со распределбата на дипломатскоконзуларниот имот на поранешна Југославија, Република Македонијаја добива зградата на Генералниот конзулат на СФРЈ во Париз, во кој денес е сместена Амбасадата на РМ. ИЗВ.: Француски документи за историјата на македонскиот народ, т. 1, 1878-1879, Скопје, 1969. ЛИТ.: Маргарита Пешевска, Политиката на Франција кон Македонија (од Берлинскиот конгрес до 1903 година), Скопје, 1993; Ахил Тунте, Република Македонија-прва декада (1990-1999), Скопје, 2005. Т. Петр.