ТУТУН

ТУТУН (Ницотиана табацум Л.)– се одгледува поради листовите, кои по сушењето, манипулацијата и ферментацијата служат како основна суровина за изработка на разни тутунски преработки наменети за уживање. Се консумира претежно со пушење (цигари, цигарилоси, пури, тутун за луле, тутун за виткање), а многу малку со шмркање (бурмут) или со џвакање. Се ужива поради физиолошкото дејство на алкалоидот никотин (ЦХН ), но и на други сос10 14 2 тојки во листот, како што се етеричните масла и смолите. Денес претставува најраспространето легално средство со наркотично дејство. Тутунскиот чад содржи низа канцерогени и токсични материи, кои предизвикуваат голем број заболувања. Последниве десетина години во светот тутунот се одгледува на 4.200.000 ха, со просечен принос од 1,6 т/ха. Кај нас во истиот период се одгледува на околу 20.000 ха или на 3% од обработливите површини, со про-сечен принос од 1,2 т/ха, додека произведеното количество тутун се движи помеѓу 15.000–30.000 т. Како производител на ориентални, ситнолисни и ароматични тутуни Република Македонијасе наоѓа во редот на првите осум земји (со 3%). Кај нас ангажира околу 40.000 домаќинства со близу 200.000 членови. Ако кон ова ја додадеме бројката од околу 6.000 субјекти во тутунската индустрија, неговото одгледување и обработување има навистина огромно социјално и економско значење за земјата. П. Ив.