СПОГОДБА МЕЃУ КПГ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

СПОГОДБА МЕЃУ КПГ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ НА ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (НОФ, 1946) – спогодба склучена за обединување за заедничка борба за преземање на власта и за решавање на македонското национално прашање во Грција. По Спогодбата (21. Ⅺ 1946) НОФ се ставил под раководството на КПГ, НОМС се обединил со ЕПОН, македонските партизански единици се обединиле со грчките под раководството на КПГ. Заради постигнување на поставената национална цел, НОФ се откажал од автономноста во политичкото дејствување, прифаќајќи ја раководната улога на КПГ. ЛИТ.: Р. Кирјазовски, Македонците и односите на КПЈ и КПГ (1945–1949), Скопје, 1995. Ст. Кис. СПОГОДБА МЕЃУ КПЈ И КПГ