СЕРАФИНОВ, Мајкл

СЕРАФИНОВ, Мајкл (Мицхаел Серапхинофф) (Детроит, Мич., САД, 2. ⅩⅠⅠ 1946) – славист, писател и преведувач. Како син на иселеник од с. Непроштено, Тетовско (1911), рано пројавува интерес за традицијата, јазикот, литературата, културата и историјата на Македонија и Македонците. По завршувањето на Државниот универзитет во Мичиген (1969), магистрира на славистичка тема на Универзитетот Вашингтон во Сиетл (1987) и докторира на истиот универзитет со темата „Македонската преродба од ⅩⅠⅩ век. Студија за животот и делото на Кирил Пејчиновиќ“ (1993). Предавал на Катедрата за словенски јазици и литератури на Универзитот Вашингтон во Сиетл и на Скагит Валлеѕ Цоллеге (1987–1997) во Ленгли и Оук Харбор (САД), на Државниот универзтет Академгородок (1993) во Новосибирск (РФ) ина други високи школи во САД и Велика Британија. Учесник е на меѓународни научни собири и автор на повеќе статии и есеи, раскази и романот „Македонско злато“ ина преводи на англиски и македонски. Активист на Обединетата македонска дијаспора и на Маке-Панорама на Серес донското меѓународно движење за човекови права. Живее и работи во Вашингтон. БИБ.: Тхе 19тх Центурѕ Мацедониан Ањакенинг, а студѕ оф тхе ливе анд њоркс оф Кирил Пејцхиновицх, Ланхам–Нењ Ѕорк–Лондон, 1996; Мацедониан Голд, Сѕднеѕ, 2005. Бл. Р.