САРАФОВ, Борис Петров (с. Либјахово, Неврокопско, 12. Ⅵ 1872 – Софија, 28. Ⅺ / 11. ⅩⅠⅠ 1907) – македонски револуционер, војвода, претседател на ВМК и член на ГШ на Илинденското востание. По завршувањето на основното образование во родното село и во Солун и Ⅵ клас во Солунската гимназија, се запишува во Военото училиште во Софија (1890), заедно со Г. Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Т. Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета и во врховистичкото востание го напаѓа градот Мелник (12. Ⅶ 1895). Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во С.-Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија. По смртта на Китанчев настапува расцеп во Врховниот македонски комитет и, со поддршка на Ѓ. Петров и Г. Делчев, на Ⅵ конгрес на македонската емиграција во Софија (1. Ⅴ 1899) е избран за претседател на ВМК. Со својот авантуристички дух и патриотски ентузијазам развива широка внатрешна и надворешна активност што не е во согласност со политиката на кнезот Фердинанд. Заедно со сите членови на Врховниот комитет е уапсен (24. Ⅲ 1901), а потоа на судот е ослободен. Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на С. Радев во Женева („Л’Еффорт“) и во Париз („Ле Моувемент Мацéдониен“); го помага Македонскиот клуб во Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во С.-Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): „Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами Цитат од изјава на Б. Сарафов (1902) просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и од српскиот. Ние им сочувствуваме и на едните и на другите, и на Бугарите и на Србите; кој ќе го помогне нашето ослободување, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците“. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Петроград. Тој ги помага и солунските гемиџии. На Ⅷ конгрес на Македонско-одринската организација во Софија на чело на ВМК се поставени Бугарите Ст. Михајловски и ген. Ив. Цончев и се изострува борбата помеѓу „врховистите“ и „централистите“. Настанува и струја на „сарафистите“. Во јануари 1903 г. С. влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес (9–7. Ⅴ 1903) е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на насроченото востание. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби и за испраќање „сарафистички чети“, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп („леви“ и „десни“). Б. Сарафов и Ив. Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. ИЗВ.: Спомени на ДамянÍ ГруевÍ, БорисÍ СарафовÍ и ИванÍ ГарвановÍ, София, 1927. ЛИТ.: Ј., Са македонског конгреса, „Глас српства“, Ⅲ, 72, Београд, 4. Ⅷ 1902. 1; шта мисли Борис Сарафов (Разговор једног пријатеља „штампе“ са во—ом устанка у Македонији, „штампа“, Ⅱ, 312, Београд, 30. Ⅺ 1903, 1; Турция, „С.-Петербургския В‹домости“; № 227, С.-ПетербургÍ, 21. Ⅷ (2. Ⅸ) 1902, 3; Разговор са Сарафовом, „Трговински гласник“, ⅩⅤⅠⅠⅠ, 269, Београд, 4. ⅩⅠⅠ 1903, 1; Блаже Ристовски, Крсте. П. Мисирков (1874&1926). Прилог…, Скопје, 1966, 304&307 и 530&535; истиот, Димитрија Чуповски (1878&1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, И, Скопје, 1978, 212&213. Бл. Р.