РУСКО-МАКЕДОНСКО БЛАГОТВОРНО ДРУШТВО СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

РУСКО-МАКЕДОНСКО БЛАГОТВОРНО ДРУШТВО „СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ (Петроград, 25. Ⅺ 1913 – 3. Ⅴ 1914) – асоцијација на Македонците за другоименско продолжување на дејноста на МНЛД и за легализирање на патриотската активност во Русија за постигнување на истите национално-политички цели во периодот по Букурешкиот договор. Тоа е само именска разновидност на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“. Потписници на основачкиот акт се: „потомствениот дворјанин Леон Михајлович шах-Паронијанц, турскиот поданик Димо син на Димо Павле-Чуповски и колешкиот советник Василиј Михајлович Смелков“, којшто беше и одговорен редактор на списанието на Македонската колонија „МакедонскиŸ голосÍ (Македонски глас)“. Целта на Друштвото, според чл. 1 од Уставот, е „да им укажува материјална и морална помош на Македонските Словени и да го помага нивното духовно општење со Русија“, но сега да дејствува „само на територијата на С.-Петербуршкото градоначалство“ (чл. 2). И целите на Друштвото се само преформулирани, па меѓу другото во чл. 3 се наведува: „да им укажува помош на Македонците, како на оние што доаѓаат во Русија во време на нивните тешкотии, така и во нивната татковина во време на особени народни несреќи (глад, поплави, разурнувања на земјата и сл.); да го помага воспитанието и образованието на младите Македонци од обата пола, а на победните да им обезбедува стипендии во разните учебни институции; да организира, секогаш со соодветна дозвола, Првата страница од Уставот на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“, Петроград (1913) собранија, беседи, читања, реферати, јавни предавања, спектакли, концерти и литературни вечери; да организира книгоиздателства, да отвора библиотеки и читалишта, …; да издава свој периодичен орган, да организира конкурси за научно-стручни трудови за историјата и етнографијата на Македонските Словени и на нивните автори да им доделува премии и награди; … да бара, со соодветна дозвола, средства и начини за најдобро овековечување на споменот на првоучителите на Словените – покровителите на Друштвото Св. Кирил и Методиј; да се обраќа со разни видови молби до владините органи и до општествените институции“. Бидејќи Русија беше катализаторот на Балканскиот сојуз и арбитар при поделбата на Македонија, надлежните власти со формални образложенија ја одбија регистрацијата и на ова македонско друштво. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878–1940) и Македонското научно-литературно другарство во Петроград, Ⅱ, Скопје, 1978, 143–156. Бл. Р. Бено Русо