ПРОХОР

ПРОХОР (ХВ¶ в.) – охридски архиепископ (1523–1550) од македонско словенско потекло. Првпат се спомнува во 1528/1529 г. Познати се неговите судири со смедеревскиот митрополит Павле. Судирите ги решил во полза на Охридската архиепископија дури во 1541 г. Ја форсирал словенската книжевност, официјалните акти ги потпишувал на црковнословенски јазик, со што $ дал на Архиепископијата словен-ски белег. ЛИТ.: И. Снегаров, Истори® на Охридската архиепископи®-патриарши®, Софиџ, 1995; Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник на Богословскиот факултет Св. Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002. Ал. Тр.