ПРИЛЕПЕЦ

ПРИЛЕПЕЦ – археолошко наоѓалиште во атарот на с. Прилепец, каде што има повеќе локалитети на кои се следи континуиран живот на населби од бронзениот, хеленистичко-римскиот до доцноантичкиот период. На локалитетот Безистен се најдени бронзе-Панорама на градот Прилеп (поглед од Марковите Кули) Сребрени тетрадрахми од македонски и пајонски владетели ни фибули од малоазиски тип, надгробни стели, македонски и римски монети, темели од објекти, делови од мозаични подови и мала подземна гробница со мермерен саркофаг во комората, изѕидана од мермерни сполии. На лок. Долишта е најдена голема остава со сребрени тетрадрахми од македонските и пајонските кралеви, а на лок. Марков Ѕид се најдени гробници вдлабени во стената и остатоци од бедемски ѕидови на акрополата на населбата од хеленистичко-римскиот период. Траги од ѕидана архитектура од камен и варов малтер, како и неколку гробни цисти, керамички садови и монети од доцноантичкиот период се откриени на локалитетот Камберица. Овие и другите локалитети со регистрирани остатоци од живеење и погребување го потврдуваат континуираниот живот од бронзениот до доцноантичкиот период на населбата кај с. Прилепец. ЛИТ.: М. Кокиђ, Античко насеље код села Прилепца, „ГСНД“, В, Скопје, 1929, 295; Н. Вулиђ, „Споменик СКА“, ЛЏЏИ, Београд, 1931, 174; И. Микулчиќ, Пелагонија у светлости археолошких наода, Скопје, 1966, 71. К. Кеп.