ПОП-АТАНАСОВ, Ѓорѓи

ПОП-АТАНАСОВ, Ѓорѓи (с. Елешница, Разлошко, Пиринскиот дел на Македонија, 1940) – историчар на книжевноста, археограф, старословенист. Своето високо образование го оформил на Богословскиот факултет во Софија, каде што дипломирал во 1967 г. Од 1972 г. живее и работи во РМ (Македонска архиепископија, Републички завод за заштита на спомениците на културата, Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Институт за македонска литература). Во последнава институција работел до редовното пензионирање и во неа развил најплодотворна дејност. Магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје „Блаже КонеЃорѓи Поп-Атанасов ски“. Неговите бројни трудови се однесуваат на старата македонска литература. БИБ.: Кичевскиот октоих ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1978; Речник на старата македонска литература, „Македонска книга“, Скопје, 1989; Библијата за Македонија Македонците, „Менора“, Скопје, 1995; Стари записи, „Менора“, Скопје, 1996. В. С.-А. Марија Поп-Ацева -Христова