ПЕШЕВСКА, Маргарита (Прилеп, 13. Ⅸ 1949) – редовен професор на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Се школувала во Прилеп и во Скопје. Завршила Филозофски факултет во Скопје, магистрирала (1979), а потоа и докторирала (1986). За редовен професор е избрана во 1997 г. Во два мандата била раководител на Институтот за историја. Држела предавања на универзитетите во Братислава и во Краков. Нејзин научен интерес се меѓународните односи по Првата светска војна, посебно политиката на Франција спрема Македонија. Автор е на книги, статии и научни прилози: Француската политика кон Македонија, Скопје, 1994, Меѓународните односи по Втората светска војна, Скопје, 1999; Светот во транзиција, Скопје, 2001. ИЗВ.: Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, бр. 825/105, Скопје, 1 април 2003. Д. Јов. ПЕШКОВ, Никола С. (Прилеп, 1881 – с. Вепрчани, Мариовско, 14. Ⅷ 1903) – трговец, револуционер, учесник во Илинденското востание, прилепски војвода. Завршил егзархиска гимназија во Битола. Бил во врска со ЦК на ТМОРО, пренесувал оружје од Србија во Македонија. Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско, се борел и загинал заедно со 20 востаници. ЛИТ.: Св. Тошев, По кÍрвав пÍт, Софи®, 1969. Ал. Тр. ПЕШКОВСКИ, Доне (Антон, Дончо) Мирчев (Мирчич) (с. Тре-Доне Пешковски сонче, Дебарско, ? – Москва, 1942) – истакнат член на Македонската колонија во Петроград, потписник на неколку нејзини акти во сп. „МакедонскиŸ голосÍ (Македонски глас)“ (1914), член на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917) и учесник во Октомвриската револуција во Русија. Околу 1910 г. го напушта родното село и како електромонтер работи во Петроград. Во ноември 1917 г. се вклучува во револуционерните настани и се најдува во близината на В. И. Ленин, назначен за еден од раководителите на монополот за шпиритус и член на контролната петорка за снабдувањето и исхраната на градот. Во јануари 1918 г. е формирана Група на балкански комунисти, во која заедно со него влегуваат и Македонците Михаил Антонов (од Неврокоп) и д-р Владимир Каваев (од Струга) и учествуваат на првите два големи меѓународни митинзи (јануари и декември 1918), а потоа се вклучува во Првиот интернационален баталјон на Црвената армија за борба против контрареволуционерите и интервенционистите. Во 1920 г. доаѓа во Македонија, но наскоро пак се враќа и како инженер е пратен на изградбата на Магнетогорск во Сибир. Во 1930 г. праќа своја фотографија на мајка си и брата си. Болен од туберкулоза, починал в болница во Москва. ИЗВ.: „МакедонскиŸ голосÍ (Македонски глас)“, Ⅱ, 10, 13. Ⅷ 1914, 6 и 7; Ⅱ, 11, 20. Ⅺ 1914, 201. ЛИТ.: Ѓ. Миљковиќ, Доне од Тресонче во големиот Октомври, „Нова Македонија“, ЏЏВИИ, 8907, 7. Ⅺ 1971, 7; истиот, Македонците под знамето на големиот Октомври (Ⅲ), „Комунист“, Скопје, 23. Ⅹ 1987, 15; Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878-1940) и Македонското научно литературно другарство во Петроград, Ⅱ, Скопје, 1987, 203 и сл. Бл. Р. Селото Пештани на брегот на Охридското Езеро