ПЕТРОВДЕН

ПЕТРОВДЕН – христијански православен празник во спомен на погубувањето на светите апостоли Петар и Павле (12. Ⅶ/29. Ⅵ). Тие се погубени во ист ден 61 г. и затоа на иконите и фреските се претставени заедно, св. Петар со клучеви од рајот, а св. Павле со меч како симбол на сопствената смрт. На овој ден во некои места на Македонија се носеле литии, а во Галичник се правеле познатите Галички свадби. ЛИТ.: Лазар Миркови¢, Хеортологија, Београд, 1961; Јеврем А. Или¢, О празницима православне цркве, Београд, 1860. М. Кит.