ПАВЛОВДЕН

ПАВЛОВДЕН – христијански православен празник Собор на св. 12 апостоли – Павловден (13. Ⅶ/30. Ⅵ). Тој се паѓа следниот ден по Петровден. Св. апостол Павле не бил дел од оваа група, но поради неговите заслуги за ширењето на христијанството, црквата го смета за апостол. Значаен е за Македонците со тоа што првото патување надвор од Азија го направил во Македонија од 51 до 54 г. При патувањата организирал христијански општини. Овој празник жените го празнувале повеќе од Петровден. Во некои места денот се викал Пајаковден и не се работело – заради заштита од пајаци. Се верувало дека ако некого го касне пајак, тешко ќе оздрави. ЛИТ.: Јеврем А. Или¢, О празницима православне цркве, Београд, 1860; Лазар Миркови¢, Хеортологија, Београд, 1961; Јеврем А. Или¢, О празницима православне цркве, Београд, 1860. М. Кит. Драгослав Павловиќ