ОРЕСТИ

ОРЕСТИ – горномакедонско племе што ја населувало областа Орестида. Во доцното бронзено време живееле на западниот балкански простор. Оттаму, во периодот на големите миграции, се доселиле во областа на горниот тек на р. Халијакмон (Бистрица), која пред тоа се викала Макета. Според некои извори тие биле епирско племе, додека според Страбон, наоѓајќи се во соседство на Македонците, поради нивниот углед и моќ, со текот на времето станале дел од Македонија. Дефинитивно биле присоединети кон Македонското Кралство во времето на владеењето на Филип Ⅱ. ИЗВ.: Страбонис, Геограпхица, Липсиае, 1895-1913. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. К. М.-Р.