ОМО ИЛИНДЕН –

ОМО „ИЛИНДЕН“–ПИРИН – Партија за економски развој и интеграција на населението (Гоце Делчев, Пиринскиот дел на Македонија, 28. Ⅱ 1998). Формирана со обединувањето на сите фракции и групи на разединетата ОМО „Илинден“, со двајца претседатели (Иван Илиев-Сингартиски и Јордан Костадинов Иванов). По донесувањето решение на Собранието на Националниот извршен совет (август 1998) организацијата да биде регистрирана како политичка партија, повторно дошло до разединување со ОМО „Илинден“ на чело со Јордан Костадинов Иванов. ОМО „Илинден“– ПИРИН поднела документи за регистрација и била регистрирана како партија (12. Ⅱ 1999). Со свои кандидати учествувала на локалните избори (2000), а потпретседателот Ботју Тиков се кандидирал како независен кандидат на парламентарните избори (2001). Била забранета од бугарските власти (29. Ⅱ 2000). На поднесената тужба Судот во Стразбур донел пресуда во полза на ОМО „Илинден“ – ПИРИН (24. Ⅺ 2005), која бугарските органи не ја спровеле. Постапувајќи според новите закони за регистрација на политички партии во Република Бугарија, партијата одржала (25. Ⅵ 2006) во градот Гоце Делчев ново основачко собрание (Конвенција) за формирање, со учество на ок. 535 делегати (од Благоевград, Сандански, Петрич, Гоце Делчев, Разлог, Софија, шумен, Пловдив, селата Лески, Кочан, Коларево, Мосомишта и др.), на кое било избрано четиричлено колективно гартиски, Ботју Тиков, Стојко Стојков и Ангел Безев). Партијата с“ уште останува нерегистрирана. ЛИТ.: Стојко Стојков, Македонците во Бугарија во борба за човекови права (1990–2005), „Македонски глас“, Билтен на борците за правата на Македонците во Бугарија (б. м.) ок. 2005 & јан. 2006; „Народна Волја“, Благоевград, ЏЏВИИ/ 7, 2, 2006. В. Јот.