„МЛАД БОРЕЦ“ – прв весник на македонски јазик во периодот на НОБ. Орган на НОМСМ (Народноослободителен младински сојуз на Македонија), се појавил на 22 март 1944 г. на слободната територија на Козјак, Кумановско. Решението за неговото издавање било донесено на И конгрес на НОМС на 22 декември 1943 г. во Фуштани, Егејскиот дел на Македонија. Во првата редакција биле Лилјана Чаловска, Крсте Црвенковски, Ацо шопов, Боро Миљовски, Иван Мазов-Климе и др. Поради војната, весникот се печател на разни локации, со големи паузи за да стане двонеделник и на крајот седмичник. „Млад борец“ се смета за своевидно училиште на поголем број новинари, а негови уредници биле познати имиња. Неделникот не успеал да се одржи во годините на транзицијата, и покрај тоа што во осумдесеттите години, со својата отвореност и критички однос, ја разбранувал македонската јавност, станал предвесник, а потоа и еден од носителите на новите демократски процеси кај нас. Б. П. Ѓ.