МАРТИНОВСКИ, Трајан (с. Нерези, Струшко, 10. Ⅱ 1951 – Охрид, 4. Ⅴ 1999) – поет, есеист, публицист, талкач низ животот и низ Европа. Завршил Филолошки факултет во Скопје и работел како новинар во „Студентски збор“ во Скопје и како метач на париските гробишта. БИБ.: „Премолчано време“, поезија, 1982; „Дулбија“, поезија, 1988; „Христовиот син“, поезија, 1994; „Гробот на Чинго“, есеј, 1995; „Голтки“, поезија, 1990; „Говорот на цвеќето“, есеј, 1995; „Писмото на сликата“, оглед за пејзажот на сликарот Јордан Манасиевски; „Одговор на писмото“, есеј, 1996; „Петнаесет пеења за Карванот на цвеќето на мирот“, 1998; „Брезоњо – биографија на каменот и цветот“, патопис, 1998; „Еригон петнаесет години подоцна“, кон драмската претстава на „Еригон“ од Јордан Плевнеш, 1999 и „Златен венец на спомените“, сеќавања, 1999. Г. Т. Цветко Мартиновски