МАРКОВА РЕКА

МАРКОВА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Изворот $ се наоѓа под врвот Убава на планината Караџица, на височина од 1400 м, додека во р. Вардар се влива во Скопската Котлина, помеѓу селата Горно и Долно Лисиче, на височина од 231 м. Долга е 29 км, има вкупен пад од 1.169 м и просечен пад од 40 ‰, а сливот зафаќа 2 површина од 352 км . Во сушниот период низводно од Марков Манастир реката пресушува, поради што ја нарекуваат уште и Маркова Сушица. Др. В.