МАРКО – крал во Македонија (1371–1395), син на Волкашин, ктитор на фрескоживописот во манастирските цркви „Св. Архангели“ во Варош (Прилеп) и „Св. Димитрија“ (Марков манастир) во с. Сушица (Скопско). Портретите на кралот Марко се насликани во 1371 г. на западната фасада на црквата „Св. Архангели“, а во 1376–1377 г. (на двапати) во црквата „Св. Димитрија“. Се спомнува како донатор на црквата „Св. Недела“ во Призрен. ЛИТ.: К. Балабанов, Новооткривени портрети краља Марка и краља Вукашина у Марковом манастуру, „Зограф“, 1, Београд 1966; 28-29; В. Ј. Ÿуриђ, Три дога—аја у српској држави ⅩⅣ в. и њихов одјек у сликарству, „Зборник за ликовне уметности“, 4, Нови Сад, 1969, 87-97; Н. Ношпал-Никуљска, За ктиторската композиција и натписот во Марковиот манастир с. Сушица, Скопско, „Гласник на ИНИ“ ,15, Скопје, 1971; З. Расолкоска Николовска, Ктиторскиот портрет во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизациите на почвата на Македонија, 2, МАНУ, Скопје, 1995, 216-217; М. Бошкоски, Кралот Марко во епиграфските споменици и записите, Кралот Марко во историјата и во традицијата, Институт за старословенска култура, Прилеп, 1997. З. Р.-Н.