МАРИЈА Маргарита . (1175–1223) – унгарска принцеза, византиска царица, жена на Бонифациј Монфератски, господарот на Солун. По смртта на првиот маж (Исак Ⅱ Ангел), се омажила за маркизот Бонифациј од Монферат (1204). Со него го родила синот Димитриј, идниот солунски крал. Кога ситуацијата во Солун се влошила, се вратила во Унгарија (1223). ЛИТ.: Ј. Лонгнон, Л’Емпире латин де Цонстантинопле ет ла Принципауте де Морее, Парис, 1949, 14, 58–59, 70, 82, 92, 100, 163. К. Аџ.