МАНЧЕВСКИ, Милчо

МАНЧЕВСКИ, Милчо (Скопје, 18. Х 1959) – режисер, сценарист, писател, ликовен уметник. Студирал на Филозофскиот факултет во Милчо Манчевски Скопје (Историја на уметноста со археологија). Како американски стипендист дипломирал на Факултетот за филм и фотографија во Карбондеји (1982). Од 1985 г. живее во Њујорк и во Скопје. Автор е на над шеесет филмски дела: кусометражни, играни и документарни филмови, видео-спотови, рекламни и долгометражни филмски сценарија, како и на книгата „Духот на мајка ми“ (2000). Раскази и есеи објавува во „Нењ Америцан Њритинг“, „Цорриере Делла Сера“, „Ла Републица“, „Маргина“, „Културен живот“, „Форум“, „Нова Македонија“, „Синеаст“ и др. Автор е на изложбата „Улица“, проследена со истоимената книга со фотографии. „Пред дождот“ (1994) е неговиот прв долгометражен игран филм, за кој го освои „Златниот лав“ за најдобар филм на 51 Венецијански филмски фестивал и е првиот дебитант (по Андреј Тарковски во 1962) што ја добива оваа награда. Филмов освои 30 други награди и признанија во светот, вклучувајќи ја и номинацијата за „Оскар“ (1995). Во 2000 г. го сними вториот игран филм „Прашина“. Сценаријата за филмовите „Пред дождот“ и „Прашина“ се објавени во Скопје (на англиски и на македонски) како книги (2001 и 2002). Избран е за почесен амбасадор во Њујорк (2007) за особен придонес во културата на РМ и нејзината афирмација низ целиот свет. Почесен член е на Друштвото на писателите на Македонија. Г. Ст. Лазар Манчевски -Пинџур МАНЧЕВСКИ-ПИНЏУР, Лазар