МАНЧЕВ, Васе (с. Робово, Струмичко, 20. Ⅱ 1949) – раскажувач, романсиер, поет, драмски писател, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Белград. Доктор по филолошки науки. Бил уредник на сп. „Разгледи“. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ (1980). БИБ.: „Суша и душа“ (раскази, 1977), „Подгорен корен“ (раскази, 1979), „Клето лето“ (раскази, 1983), „Јадигар“ (драма, 1984), „Кршалнига“ (драма, 1984), „Бледица“ (драма, 1985), „Чинки“ (раскази, 1987), „Подигравки“ (драми, 1988), „Инакво лице“ (роман, 1988), „Тажни свечености“ (избор раскази, 1988), „Насушна сушност“ (раскази, 1989), „Залудни раскази“ (1993), „Големи богови, мали богови и привиденија“ (поема, 1994), „Свирепа вечност“ (поезија, 1995), „Измислена душа“ (раскази, 1996), „Амин“ (роман, 1998), „Сиреч“ (раскази, 1998), „Волшебно време“ (раскази, 2000), „Гротескни деца“ (проза, 2002). Р.