МАНЏУКОВ, Петар

МАНЏУКОВ, Петар (с. Мирковци, Скопско, 27/13. Ⅶ 1878 – ?, 1. И 1966) – раскажувач, револуционер-анархист, активен учесник во македонското револуционерно движење во илинденскиот период. Автор на знаменитата мемоарска книга „Предвесници на бурата“, во која воведува возбудливи настани од поновата историја на Македонија. Сестричник на владиката Натанаил Зографски од с. Кучевиште. Пишувал на бугарски и на македонски јазик. Основно образование завршил во Пловдив, една година учел во Военото училиште во Софија, продолжил во гимназијата во Пловдив, од каде што бил истеран поради револуционерна активност. Завршил Педагошко училиште, студирал хемија на Женевскиот универзитет во швајцарија. Таму му пристапил на Тајниот македонски револуционерен комитет (1898) и учествувал во уредувањето на в. „Отм’штение“, орган на македонските револуционери-терористи. Во 1899 г. се вратил во Македонија, учителствувал во Скопје, каде што поради револуционерна дејност бил затворен, а по Ослободувањето бил протеран во Бугарија. Учествувал во подготвувањето диверзантски акции во Цариград (1900). Близок до Гемиџиите во Солун. Во Софија се запознал со Гоце Делчев и неколку месеци бил во неговата чета во Македонија. Бил против кревањето востание, а по започнувањето учествувал во извршувањето диверзија на железничката линија кај гр. Кулели Бургаз (1903). По повеќегодишен прекин, завршил шумарство на Универзитетот во Нанси во Франција и се вратил во Бугарија, каде што работел како шумарски инженер. Меѓу двете светски војни живеел во Пловдив, каде што и починал. Оставил зад себе богата прозна белетристика и мемоаристика, како и преписка со македонски револуционери. Спаѓа во категоријата автори со префинет и истенчен вкус. БИБ.: Предвесници на бурата, И. Предговор и превод Ванчо Механџиски, Скопје, 1997. ЛИТ.: Михајло Миноски, Револуционерната дејност на Петар Манџуков до 1898 година, зб. „Малку познати и непознати учесници во македонското ослободително движење во ⅩⅠⅩ и почетокот на ⅩⅩ век“, Скопје, 1995. К. Мин. и Г. Т. Вокално-инструменталната група „Мањифико